Пролог: Празник на иконата на Пресвета Богородица Купјатицка
 

 

Житие: Празник на иконата на Пресвета Богородица Купјатицка

Календар, житија, пости
Почеток
 
Оваа икона најпрво му се јави на едно девојченце Ана во селото Купјатич во Минската губернија во 1182 година. Чувајќи го стадото Ана виде некоја светлина во шумата. Кога ? се приближи на светлината, на едно дрво виде крст со средна големина со ликот на Пресвета Богородица на него. Ана го зеде тој крст и си го однесе дома, па се врати кај стадото. Но на нејзино големо чудење на истото место таа повторно го виде крстот на дрвото. Го зеде, си го стави под пазува и го однесе дома. Кога сакаше да му го покаже крстот на татко ? и ја завлече раката во пазувата, крстот го немаше. Таа му раскажа с ? на татко ? , па отиде со него, го видоа крстот во шумата и го пренесоа дома. Утредента крстот повторно го немаше во куќата. Го кренаа цело село и сите селани отидоа и му се поклонија на крстот. Набрзо луѓето таму изградија црква. Од тој чудесен крст со иконата на Мајка Божја се пројавуваа многбројни чуда. Таа икона сега се наоѓа во црквата Света Софија во Киев.

Тропар
Радувај се, мајко Пречиста, радувај се Ти Која го олеснуваш крстот кој секој од нас треба да го носи. Радувај се и за нас застапи се пред Оној Кој леб наш насушен ни е и помогни ни на крстот наш да ги распнеме страстите.