Пролог: Преподобен Филотеј Зервакос
 

 

Житие: Преподобен Филотеј Зервакос

Календар, житија, пости
Почеток
 
Преподобен Филотеј Зервакос се родил во 1884 година во селото Пакија, близу до гратчето Молаи Лакониски. Уште од детска возраст ја возљубил Црквата и читањето душеполезни книги. Бил толку трудољубив и посветен во учењето што по неговото основно образование станал учител на возраст од 17 години. Кога во 1907 година ја отслужил воената обврска, се обидел да замине на Света Гора. Но, по промисла Божја неговите планови не се оствариле, а по совет на својот духовник, свети Нектариј Пентаполски, тогашниот ректор на Ризариевата богословија во Атина, се преселил на островот Парос и се посветил во от на Животворниот Источник во Лонговарда. Во декември 1907 година станал великосхимен монах, добивајќи го името Филотеј и бил ракоположен за ѓакон. Во 1912 година бил ракоположен за јеромонах, а во 1913 година бил произведен во архимандрит и духовник. Оттогаш, а особено од 1916 година го започнал своето обемно мисионерско дело: редовно обиколувал многу краишта во Грција, каде што проповедал и исповедал. Се одликувал со големо подвижништво, постојана молитва, сила во духовниот живот, сериозност, длабоко смирение и кротост, умиление, жед за тајната на Светата Причест и за читање свештени книги, човекољубие, милостивост и сострадание. Горел од љубов кон Бог и од ревност за светата православна вера. Се упокоил на 26 април/9 мај 1980 година, а по тринаесет години, на 11/24 септември 1993 година, ги извадиле и неговите преподобни мошти.