Пролог: Свети Јоаникиј Девички
 

 

Житие: Свети Јоаникиј Девички

Календар, житија, пости
Почеток
 
Србин од Зета. Како млад обземен од љубовта Христова го остави домот и родителите и се оддалечи во пределите на Ибар, во една пештера во којашто според Преданието се подвизувал Св. Петар Коришки. Но кога неговата слава почна да се разгласува меѓу луѓето, побегна во Дреница и се скри во густата шума Девичка. Свети Јоаникиј помина во таа самотија години и години во молчење и безмолвие. Според преданието, Светителот таму ја исцелил лудата ќерка на српскиот кнез Ѓураѓ Бранковиќ. Од благодарност кнезот му подигнал манастир на тоа место, познат и денес под името Девич. Таму почиваат светите чудотворни мошти на Св. Јоаникиј. Во тој манастир не толку одамна се подизуваше прославената и богоугодна испосничка монахиња Ефимија. Народот ја нарекува блажената Стојна. Таа се упокои во Господ во 1895 година.

Тропар
Поита по Христа во осаменоста на земните пештери, о Јоаникие, оче наш преподобен, и обручувајќи ја душата своја за Бога се исполни со Духот Свети Кој преку тебе чудеса твореше, исцелувајќи ја во луѓето секоја тага, болест и напаст демонска. Пленувајќи плен во висините за нас, оче свети, моли се да се спасат нашите души.