Пролог: Светите маченици Трофим и Теофил и уште тринаесетмина со нив
 

 

Житие: Светите маченици Трофим и Теофил и уште тринаесетмина со нив

Календар, житија, пости
Почеток
 
Пострадаа во Ликија во времето на царот Диоклецијан. Бидејќи никако не сакаа да се одречат од Христа ниту да им принесуваат жртви на идолите, беа ставани на разновидни маки: ги тепаа со камења, ги стружеа со остро железо, им ги прекршија колената и најпосле толку измачени и повеќе мртви одошто живи ги фрлија во оган. Силата Божја ги зачува неповредени од огнот. Тогаш ги извадија и ги убија со меч. Но Господ ги прослави и на земјата и во Своето небесно царство. Чесно пострадаа во Ликија во 308 година.

Тропар
Маченици свети Христови, вие браќа по вера станавте, напоени и закрилени од благодатта, мачењата за ништо ги сметавте, Трофиме, Теофиле и останатите, глава на исекување подадовте, но Главата во себе ја сочувавте, молете се, о вие небесни цветови, плодната земја за спасение да се умножи, семето Христово во неа плод да донесе.