Пролог: Преподобниот маченик Дула
 

 

Житие: Преподобниот маченик Дула

Календар, житија, пости
Почеток
 
Живееше свето во еден манастир во Мисир. Некој од браќата од завист го наклевети за светотатство, кражба на црковни предмети. На невиниот Дула му го слекоа расото и му го предадоа на кнезот да го осуди. Кнезот нареди и го биеја и сакаа да му ги отсечат рацете, според законот за такви злосторства, но во тој миг се покаја братот што го предаде на суд и ја објави невиноста на Дула. Вратен во манастирот после дваесет години прогонство и понижувања, третиот ден тој се упокои во Господ. Неговото тело чудесно исчезна.