Пролог: Светиот свештеномаченик Автоном
 

 

Житие: Светиот свештеномаченик Автоном

Календар, житија, пости
Почеток
 
Се оддалечи во времето на гонењето на Диоклецијан од Италија во Витинија Азиска, во местото наречено Сореос и таму долго време помина во христијански подвиг и изгради црква посветена на Светиот Архангел Михаил. Престојуваше во куќата на еден добар христијанин Корнелиј, когошто Автоном го посвети најпрво за презвитер, а потоа и за епископ. Недалеку од градот Сореос беше местото Лимна, населено само со незнабожци. Свети Автоном отиде во тоа место и набргу многумина ги просвети со Христовото Евангелие. Тоа ги озлоби незнабожците и тие еден ден јурнаа во црквата на Св. Архангел Михаил во Сореос и за време на богослужбата го убија Автоном во олтарот, а убија и многумина други христијани во храмот. Во времето на царот Константин на гробот на Св. Автоном подигна храм некој царски големец Севиријан. Двесте години после својата смрт Св. Автоном му се јави на еден војник по име Јован. Тој Јован ги откопа моштите на светителот и ги најде сосема нетлени. И мнозина болни добија здравје од светите мошти. Така Бог го прослави оној којшто Него Го прославуваше за време на животот на земјата.

Тропар
Светињата ја раздаваше на светите, свештеномачениче Божји Автономе, народот во познание на Бога го приведуваше. Крвта твоја пред олтарот леејќи ја, душата во рацете Христови ја предаде, но устата која смртта ја замолкна, не престана за Христа да говори, во чудата извршени за наше спасение, по твоите свети молитви.