Пролог: Прочка <br/> (Недела на проштевањето)
 
 
 
 
 

Прочка
(Недела на проштевањето)
     14/02/2010

Овој празник пред Чесниот пост е устроен за да потсети на духовниот карактер на постот. Му се посветува на проштевањето или посуштински на покајанието, кое во Црквата претставува единствената вистинска содржина на личносните односи. Телесното воздржување што се практикува за време на постот е неразделно од богокопнежливата љубов на христијаните. Таа самата подразбира тежнеење да се живее во добродетелите на милостивост, кротост, долготрпеливост, смирение и секое човекољубие. Верните настојуваат ревнувајќи во овие добродетели и особено преку подвигот на Исусовата молитва, да Му приготват во себе живеалиште на Светиот Дух.