Божествена Литургија во манастирот „Светите Петнаесет Тивериополски свештеномаченици“
 
 
 
 
 

Божествена Литургија во манастирот „Светите Петнаесет Тивериополски свештеномаченици“ (08.01.2019 15:27)

Денес, на празникот Собор на Пресвета Богородица, во манастирот „Светите Петнаесет Тивериополски свештеномаченици“, во Струмица, викарниот Епископ г. Јаков Полјански отслужи Божествена Литургија, на која верните се причестија со Светите Тело и Крв Христови.