Панихида во Ново Село
 
 
 
 
 

Панихида во Ново Село (06.05.2019 18:27)

На 6 мај 2019 година, на празникот на свети Георгиј Победоносец, Митрополитот Струмички г. Наум во сослужение со викарниот Епископ г. Јаков Стобиски отслужи панихида во Ново Село, на гробиштата на загинатите војници од Единаесеттата пешадиска македонска дивизија за време на Првата светска војна. На панихидата присуствуваа претседателот на бугарската фондација „Българска памет“, д-р Милен Врабевски, амбасадорот на Р. Бугарија во Р. Северна Македонија, г. Ангел Ангелов, градоначалникот на Петрич, г. Димитар Брчков, и новоизбраниот градоначалник на Општина Ново Село, г. Никола Андонов.

Локалното чествување се организира тринаесетта година по ред од страна на бугарската фондација „Българска памет“, кое по традиција се изведува на Бугарскиот воен меморијал во Ново Село, Струмичко.