Вечерна богослужба во Струмица
 
 
 
 
 

Вечерна богослужба во Струмица (13.01.2020 13:02)

На 13 јануари 2020 година, викарниот Епископ Јаков Стобиски отслужи Вечерна богослужба во црквата „Светите Методиј и Кирил“, во Струмица, на која беа изнесени дел од моштите на свети Василиј Велики.

Моштите на овој светлоносен ерарх на Православието секоја година се изнесуваат за поклонение на верните на денот пред Господовиот празник Обрезание и денот на неговото чествување.