Божествена Литургија во Струмица
 
 
 
 
 

Божествена Литургија во Струмица (17.02.2020 19:25)

Денес, кога го чествуваме празникот на свети Симеон Богопримец и света пророчица Ана, и свети Никола Јапонски, викарниот Епископ г. Јаков Стобиски отслужи Божествена Литургија во манастирот „Светите Петнаесет Тивериополски свештеномаченици“, Струмица, на која во презвитерски чин го ракоположи ѓаконот Данаил Дончовски. Верниот народ на Литургијата се причести со Светите Христови Тајни.