Архиерејска Божествена Литургија во Бигорскиот манастир
 
 
 
 
 

Архиерејска Божествена Литургија во Бигорскиот манастир (21.02.2020 22:01)

На 20 февруари 2020 година, кога Црквата го празнува светиот Партениј Лампсакиски, во црквата „Свети Јован Крстител“, во Бигорскиот манастир, беше отслужена празнична Божествена Литургија, со која чиноначалствуваше Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение со Митрополитот Тетовско-гостиварски Јосиф и Епископот Стобиски г. Јаков, архимандрит Партениј и многубројното свештенство.

Митрополитот Тимотеј, со својата пригодна беседа, посветена на карактеристиките на добриот пастир во Црквата, го истакна примерот на Лампсакискиот Чудотворец.

Како благодарност за неговото прво служење во Бигорски како епископ, архимандритот Партениј му подари на викарниот Епископ г. Јаков една прекрасна архиерејска митра, изработена од трудољубивите раце на монахињите во Рајчица. Притоа, архимандрит Партениј ги побара неговите архиерејски молитви за Бигорската обител. Од своја страна, Епископот Јаков срдечно ја искажа својата благодарност кон архимандрит Партениј, истакнувајќи го значењето на монашките молитви.

По повод овој настан беа осветени и темелите за новите конаци во Бигорскиот манастир.