Божествена Литургија во Ново Село
 
 
 
 
 

Божествена Литургија во Ново Село (23.02.2020 12:48)

Во Неделата на Страшниот суд, кога Црквата го празнува и споменот на светиот свештеномаченик Харалампиј и преподобен Прохор Лободник, викарниот Епископ г. Јаков Стобиски отслужи Божествена Литургија во манастирот „Свети великомаченик Георгиј и преподобен Антониј Велики“, во Ново Село. Верниот народ на Литургијата се причести со Светите Христови Тајни.