Кога Те видовме?
 
 
 
 
 

Кога Те видовме? (23.02.2020 22:59)

Зборовите на луѓето одделени од левата и од десната страна на Христос се исти: „Кога Те видовме?“ (види: Матеј 25, 31–46). Гледаме исти зборови во сосем различен дух кажани. Едните во дух на самооправдување, а другите во дух на смирение. Зад духот што го носат нивните зборови стојат различни дела, различен живот. Животот на оние што се самооправдуваат е задоволување на нивните страсти врз несреќата на ближниот, а животот на оние што се смируваат е соодветна жртва заради задоволување на основните животни потреби на ближните што страдаат. Затоа и се вели дека одговорија како договорени, поради истиот дух во кој живеат и дејствуваат, поради истиот дух кој ги собира на едно исто место, заедно.

(од денешната беседа на Митрополитот Струмички Наум)