Божествена Литургија во Водоча
 
 
 
 
 

Божествена Литургија во Водоча (15.08.2021 07:42)

Денес, на празникот на преносот на моштите на свети Климент Охридски, викарниот епископ г. Јаков Стобиски отслужи Божествена Литургија во манастирот „Покров на Пресвета Богородица и свети Леонтиј“, во Водоча, Струмица. Верниот народ на Литургијата се причести со Светите Христови Тајни.