Вечерна богослужба во чест на Раѓањето на Пресвета Богородица
 
 
 
 
 

Вечерна богослужба во чест на Раѓањето на Пресвета Богородица (20.09.2022 09:02)

Денес, во чест на празникот на Раѓањето на Пресвета Богородица, во манастирот „Светите Петнаесет Тивериополски свештеномаченици“, во Струмица, Митрополитот Струмички г. Наум и викарниот Епископ Стобиски г. Јаков  го пречекаа Владиката г. Дамаскин, Митрополит на Додимотихо, Орестиада и Суфли, а потоа беше отслужена празнична Вечерна богослужба во присуство на многуброен верен народ. Особен благослов за верниот народ на Струмица беше можноста да се поклони на светите мошти на великиот отец на Црквата – светиот свештеномаченик Дионисиј Ареопагит.