Божествена Литургија во Струмица
 
 
 
 
 

Божествена Литургија во Струмица (02.10.2022 12:56)

Денес, кога Црквата ги празнува светите маченици Трофим, Саватиј и Доримедонт, светиот маченик Зосим Пустиник и светиот Теодор, кнез Јарославски, Викарниот Епископ г. Јаков Стобиски отслужи Божествена Литургија во црквата „Св. Методиј и Кирил“, во Струмица. На Светата Литургија Владиката го ракоположи во свештенички чин ѓаконот Горан Постоловски. Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.