Молитвена прослава на светите учители и ученици на богословското училиште во Белград
 
 
 
 
 

Молитвена прослава на светите учители и ученици на богословското училиште во Белград (07.02.2024 12:57)

Денес, на Православниот богословски факултет на Универзитетот во Белград беше прославен нововостановениот празник на Светиите кои учеле и кои се учеле на Богословското училиште во Белград, меѓу нив свети Иринеј Бачки Исповедник, свети Јустин Ќелијски, свети Варнава Хвостански. Во факултетскиот параклис посветен на светиот апостол и евангелист Јован Богослов, Неговата Светост Патријархот Српски г. Порфириј началствуваше со Светата Божествена Литургија, на која сослужуваше и викарниот Епископ Стобиски г. Јаков.

„Со Неговата Светост сослужуваа Неговото Преосвештенство Епископот стобиски г. Јаков, викар на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот струмички г. Наум од Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија; архимандритот Тихон, игуменот на манастирот Студеница; архимандритот Нектариј, главен секретар на Светиот Архирејски Синод; архимандритот Данило, директор на Патријашиската управна канцеларија; протојерејот Ѓорге Стоисављевиќ, шеф на кабинетот на Неговата Светост, како и професори од оваа високообразовна институција на чело со деканот, протојереј д-р Зоран Ранковиќ, во молитвено присуство на студенти, колеги професори и верниот народ“, пишува „Тв Храм“ од Белград, Србија.

Верниот народ се поклони пред светите мошти на свети Варнара Хвостански и се причести со Светите Христови Тајни.