Викарниот Епископ Стобиски г. Јаков сослужуваше со Српскиот Патријарх г. Порфириј во црквата „Свети Симеон Мироточив“, во Белград (26.02.2024 21:52)
Неговата Светост Патријархот Српски г. Порфириј служеше Света Архирејска Литургија во црквата „Свети Симеон Мироточив“, во Белград, Р. Србија, во сослужение со Преосветените епископи, Марчански г. Сава, Топлички г. Петар и Стобиски г. Јаков од Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, како и многубројно свештенство и ѓаконство, во присуство на верниот народ. По Литургијата, Српскиот Патријарх го прекрши славскиот колач и се обрати на присутните со зборовите: „Во љубовта Христова сите сме Негови, но од нашето спознание дека сме Негови и дека сме во Неговата прегратка зависи дали таа прегратка ќе биде наше спасение или таа прегратка ќе биде оков и мака“, пренесува ТВ Храм.