Божествена Литургија во Делчево (09.05.2024 09:19)
Денес, кога Црквата го слави споменот на светиот Апостол и Евангелист Марко, во храмот „Успение на Пресвета Богородица“, во Делчево, а во чест на именденот, надлежниот архиереј Епископот Марко отслужи Божествена Литургија во сослужение со Митрополитот Крушевско- демирхисарски г. Јован, Митрополитот Брегалнички г. Иларион и Епископите Дељадровско- илинденски г. Јоаким, Дремвитски г. Давид и Стобиски г. Јаков. Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.