Литија со иконата на Пресвета Богородица Брзопослушничка во Струмица
 
 
 
 
 

Литија со иконата на Пресвета Богородица Брзопослушничка во Струмица (11.05.2024 21:30)

Денес, на Светла сабота, Митрополитот Тетовско- гостиварски г. Јосиф отслужи Света Божествена Литургија во сослужение на Епископот Делчевско-каменички г. Марко и Епископот Стобиски г. Јаков во храмот „Св. Димитриј и св. Григориј Палама“, во Струмица. Вериниот народ се причести со Светите Христови Тајни и се поклони пред светите мошти на Свети Василиј Велики, Свети Стефан Првомаченик и Свети Гаврил Епископ Велички.

По завршувањето на Литургијата, Свештената литија со иконата на Пресвета Богородица Брзопослушничка се упати до градскиот плоштад „Гоце Делчев“.

Во Нејзина чест на градскиот плоштад „Гоце Делчев“ беше отслужен Молебен, по што со свештена Литија иконата беше вратена во храмот „Свети Димитриј и Свети Григориј Палама“, каде што ќе престојува десетина дена.

Потоа, светата икона ќе биде вратена во храмот „Светите Петнаесет Тивериополски свештеномаченици“.