Концерт на добрината во Струмица
 
 
 
 
 

Концерт на добрината во Струмица (15.05.2024 08:58)

Со громогласен аплауз и стоечки овации публиката во прелполната сала на НУЦК „Антон Панов“ во Струмица ги поздрави и награди учесниците, ВИС „Стихири“ и учениците од ДМБУЦ „Илија Николовски Луј“ од Скопје  на „Концертот на добрината“ што го организира Фондација Елеуса.

Онаа енергија што за првпат ја видовме и почувствуваме во Ново Село, се преповтори и во Струмица. Струмица и струмичани имаа можнсот да уживаат во неповторлива музичко сценска плетенка од класична музика и балет, староградски мелос, традиционални македонски песни и ора, балетски перформанс на адаптирана македонски ритам и грандиозното финале со изведба на „Тешкото“ од Смокварски низ изведбата на Камерниот оркестар под диригентска палка на Фи Фи Ле проследено со танцова кореографија.

Она што посебно ја трогна струмичката публика беше изведбата на композицијата „Под Кулите на Струмица“ што како музичко изненадување ја подготвија и подарија гостите од Скопје.

Од Фондација Елеуса велат дека заедницата само така може да помогне за оние на кои најмногу им треба помош.

-Нашата Фондација во неколку години од своето постоење ја покажа и докажа посвтеноста во мисијата- да им се помогне на луѓето кои што страдаат. И Вашето присуство вечерва е доказ за несебичната љубов што ја имате кон нашите собраќа кои се во неволја. Голема благодарнсот до Општина Струмица и градоначалникот Костадин Костадинов кој секогаш ни ја дава целата поддршка во реализиација на нашита активности. Благодарност и на ДМБУЦ „Илија Николвски Луј“ и директорката м-р Даница Стојанова за нивното гостување, рече Наташа Василевска Трајчевска од Фондација Елеуса.

-Ова ние е втор заеднички концерт. Соработката продолжи спонтано, а дружбата веќе прераснува во другарство. Овојпат имаме проширена прорама. И „Стихири“ вечерва антапуваат со видоизменет репертоар, рече Маја Витанова, раководител на ВИС „Стихири“ од Струмица.

-Вечерва настапуваме со едночасовен перформанс од повеќе оддели во нашето школо. Ваква една симбиоза од неколку уметнички музички гранки не е секојдневие и мислам дека ова ќе биде одлично и за публиката и за самите изведувачи. Досега имаме организирано многу концерти, сцената е таа каде што нашите ученици растат, сцената е нашиот дом, а музиката знаете дека освен што е фасцинантна за секој човек и секое уво, е и лек за душата. да продолжиме како хуманисти зошто музиката и уметноста е дадена од Универзумот и таму нема трошење, таму енергијата стои и е бесконечна и затоа да бидеме што повеќе хумани и што повеќе да ги поддржуваме нашите деца, рече м-р Даница Стојанова, директорка на ДМБУЦ „Илија Николовски Луј“ од Скопје.

Градоначалникот Костадин Костадинов истакна дека добрината е благослов за оној кој ја прима, но добрината е благослов и за оној кој ја дава.

- Добрината е благослов за оној кој ја прима, но добрината е благослов и за оној кој ја дава. Вечерва овој храм на културата се престори во храм на добрината по заслуга на организаторите од фондацијата „Елеуса“ на чело со Викарниот епископ стобиски - господин Јаков, но и на оние кои настапија на сценава. Овој денешен „Концерт на добрината“ го доживеав како извор на вдахновение и чувство на исполнетост со несекојдневни емоции. Им честитам на членовите на Вокално инструменталниот состав при Струмичката православна епархија - „Стихири“, за „празникот“ што ни го приредија со својот прекрасен настап, но и на гостите од Државниот музичко-балетски училишен центар „Илија Николовски – Луј“ од Скопје, на чело со директорката и наша сограѓанка Даница Стојанова, на извонредниот музичко-танцов мозаик, рече Костадинов.

Средствата собрани од Концертот на добрината ќе бидат наменети за некои од хуманитарните кампањи кои го спроведува Фондација Елеуса.

 

Извор: Тивериопол.мк