Сеноќно бдение во Водоча
 
 
 
 
 

Сеноќно бдение во Водоча (28.05.2024 07:40)

Во чест на празникот на преподобен Гаврил Светогорец, Епископ Велички, Митрополитот Струмички г. Наум отслужи сеноќно бдение со Божествена Литургија во манастирот „Покров на Пресвета Богородица и свети Леонтиј Струмички“, во Водоча. Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни и се поклони пред моштите на светителот.