Божествена Литургија во Владимирово (04.08.2024 15:57)
Денес, кога Црквата го празнува споменот на Света Марија Магдалена, викарниот Епископ Стобиски г. Јаков го освети храмот „Свето Вознесение Христово“, во Владимирово, и отслужи Света Божествена Литургија. Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
На свеченоста присуствуваа и градоначалникот на Берово, г. Звонко Пекевски, и државниот советник во Министерството за транспорт, г. Димитар Димовски.