Панихида по повод 1010 години од упокојувањето на цар Самуил
 
 
 
 
 

Панихида по повод 1010 години од упокојувањето на цар Самуил (05.10.2024 15:29)

На 5 октомври 2024 година, во местото Самуилова крепост, близу градот Петрич, Р. Бугарија, Митрополитот Струмички г. Наум заедно со Неговата Светост, Бугарскиот Патријарх и Софиски Митрополит г. Даниил и Митрополитот Неврокопски г. Серафим учествуваа во свеченостите и отслужија панихида по повод 1010 години од упокојувањето на цар Самуил. На свеченостите присуствуваше и Претседателот на Р. Бугарија, г. Румен Радев, како и други претставници од општествено-политичкиот живот на државата.