Осветување на храмот „Св. вмч. Димитриј“ и Света Архиерејска Литургија во Ново Село, Штип
 
 
 
 
 

Осветување на храмот „Св. вмч. Димитриј“ и Света Архиерејска Литургија во Ново Село, Штип (03.11.2024 20:14)

На 03.11.2024 година, Недела 19-та по Педесетница; св. Иларион Мегленски, преп. Иларион Велики, преп. Филотеј; се изврши осветување на новоизградениот храм посветен на “Св. вмч. Димитриј Солунски” во Ново Село, Штип, и се отслужи Света Архиерејска Литургија, а чиноначалствуваше Неговото Блаженство господинот и отец наш г.г. Стефан, Архиепископ Охридски и Македонски, во сослужение на Митрополитот Брегалнички г. Иларион и Епископот Стобиски г. Јаков. Храмот е ктиторско дело на г. Сашо Мијалков, г. Владимир Мијалков и нивните семејства од Скопје. На крајот од Светата Литургија, Неговото Блаженство г.г.Стефан одржа пригодна беседа, а ктиторите г. Сашо Мијалков и г. Владимир Мијалков беа одликувани со орден „Св. Николај“ од страна на Митрополитот Брегалнички г. Иларион.

                

                      

                      

Извор: Брегалничка епархија