Божествена Литургија на светиот апостол Јаков, брат Господов, во Водоча
 
 
 
 
 

Божествена Литургија на светиот апостол Јаков, брат Господов, во Водоча (05.11.2024 20:05)

Денес, кога Црквата го празнува споменот на светиот апостол Јаков, брат Господов, во манастирот „Покров на Пресвета Богородица и свети Леонтиј“, во Водоча, викарниот Епископ Стобиски г. Јаков отслужи Литургија на светиот апостол Јаков, брат Господов. На Владиката му сослужуваа високопреподобните архимандрити г. Кирил и г. Гаврил од Митрополијата на Дидимотихо, Орестијада и Суфли од Православната Црква на Грција, високопреподобниот архимандрит и директор на Патријаршиската управна канцеларија на Српската Православна Црква г. Данило, високопреподобниот архимандрит г. Гаврил од Австралиско-сиднејската епархија на МПЦ – ОА, како и сѐпреподобните игумени г. Фотиј, г. Агатон и г. Григориј, протоереј-ставрофор Константин Митев, секретар на Струмичката православна Епархија, и протоѓаконот Симон Митрев.

На богослужбата присуствуваа и градоначалникот на Општина Струмица г. Костадин Костадинов, градоначалникот на Општина Ново Село г. Ѓорге Божинов, како и директорката на Комисијата за односи меѓу верските заедници, г-ѓа Оливера Трајковска.

Верниот народ се поклони пред светите мошти на светиот апостол Јаков, кои во чест на именденот на владиката ги испрати Високопреосветениот Митрополит на Дидимотихо, Орестијада и Суфли од Грција, г. Дамаскин.