Божествена Литургија во Струмица (28.12.2024 15:44)
Денес, на денот на светиот свештеномаченик Елефтериј, Митрополитот Струмички г. Наум отслужи Божествена Литургија во црквата „Свети Григориј Палама и свети великомаченик Димитриј Мироточив“, во Струмица. Верниот народ на Литургијата се причести со Светите Христови Тајни.
На Литургијата Владиката, меѓу другото, рече:
Најголемо чудо е што овој свет – ваков каков што е, воопшто постои. Постои затоа што сѐ уште има луѓе кои го бараат своето спасение и се спасуваат. А може да се спасат затоа што сѐ уште има такви луѓе кои Го сведочат Богочовекот Христос – тајно и јавно; затоа што постои Црквата и нејзината Света Литургија; затоа што постои Оној што спречува да се појави „човекот на беззаконието, синот на погибелта“ (2 Сол. 2, 3).