Сеноќно бдение во Водоча
 
 
 
 
 

Сеноќно бдение во Водоча (12.01.2025 21:30)

Во чест на преподобниот Гаврил Светогорец, Епископ Велички, Митрополитот Струмички г. Наум отслужи сеноќно бдение со Божествена Литургија во параклисот „Свети Григориј Палама, преподобен Јосиф Исихаст и преподобен Јустин Ќелиски“, во манастирот „Покров на Пресвета Богородица и св. Леонтиј Струмички“, во Водоча. Сестрите се поклонија на моштите на светителот.

Во беседата на Литургијата, Владиката рече:

„А колку е сѐ едноставно: давај и не барај, оди со мислата подолу од тоа со коешто демонот сака да те повреди, и восогласи се со Божјата правда, а отфрли ја човечката. Ова да го пазеше, никогаш ништо ќе немаше потреба да ми пишуваш, освен да ме поздравиш, да ме прашаш како сум и дали ми треба нешто. Модерниот човек им робува на демонските помисли и бара ’рај на земјата‘ – ваква каква што е, таму каде што го нема“.