Божествена Литургија во Водоча (19.01.2025 18:34)
На празникот Богојавление, Митрополитот Струмички г. Наум отслужи Божествена Литургија во параклисот „Свети Григориј Палама, преподобен Јосиф Исихаст и преподобен Јустин Ќелиски“, во манастирот „Покров на Пресвета Богородица и свети Леонтиј“, Водоча. Верниот народ на Литургијата се причести со Светите Христови Тајни.
Во беседата на Литургијата, Владиката рече:
„Ако човекот не е верен, најчесто ќе биде суеверен; ако не комуницира со Бог, сигурно ќе се најде во комуникација со демоните; ако не се причестува со Бог, сигурно ќе биде подложен на демонското дејство – меѓу кое и уроци, магии и слично. Ако тоа не го разбере веднаш, сигурно ќе го разбере подоцна – само да не е доцна. Да, немаме многу избор; не е возможно да Му служиме и на Бог и на ѓаволот; ниту има тука некаква средина или неутралност.“