Митрополитот Берлински и Германски г. Марко во посета на манастирите Велјуса и Водоча (12.02.2025 11:52)
Денес, во посета на манастирите „Воведение на Пресвета Богородица Елеуса“, во Велјуса, и „Покров на Пресвета Богородица и свети Леонтиј“, во Водоча, беше Митрополитот Берлински и Германски г. Марко од Руската Православна Задгранична Црква со свештеници и група верници од Германија.