Божествена Литургија во Ново Село (21.04.2025 19:49)
Денес, Светол Понеделник, вториот ден од Воскресението Христово, викарниот Епископ Стобиски г. Јаков отслужи Божествена Литургија во манастирот „Свети Георгиј Победоносец и Свети Антониј Велики“, во Ново Село. Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.