Божествена Литургија во Струмица (27.04.2025 12:25)
Денес, во Неделата на светиот апостол Тома, викарниот Епископ Стобиски г. Јаков отслужи Божествена Литургија во манастирот „Светите Петнаесет Тивериополски свештеномаченици“, во Струмица. На Литургијата, Епископот го ракоположи во ѓаконски чин ипоѓаконот Михаил Вучков. Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.