Послание на светиот апостол Павле до Римјаните
 

 

Послание на светиот апостол Павле до Римјаните

Календар, житија, пости
Почеток
 

15:1-7

1. Ние силните должни сме да ги поднесуваме немоштите на слабите, и да не угодуваме на себеси:
2. секој од вас должен е на својот ближен да му угодува во доброто за поука.
3. Оти и Христос не угоди на Себеси, па како што е напишано: „Хулењата на оние, што Те хулеа, паѓаа врз Мене”.
4. А сe, што беше порано напишано, за наша поука беше напишано, та преку трпението и преку утехата од Писмата да имаме надеж.
5. А и Бог на трпението и утехата да ви даде да бидете во едномислие помеѓу себе, според примерот на Христа Исуса,
6. та еднодушно и со една уста да Го славите Бога и Отецот на нашиот Господ Исус Христос.
7. Затоа примајте се еден со друг, како што и Христос ве прими за славата Божја.