16:13-24
| 13. | Бидете бодри, стојте во верата, бидете мажествени, бидете крепки; |
| 14. | кај вас сe да станува со љубов. |
| 15. | Ве молам уште, браќа: знаете дека домот на Стефанин е почеток во Ахаја и дека се определи да им служи на светиите. |
| 16. | Покорувајте им се и вие на такви и на секого, кој што помага и се труди! |
| 17. | Се радувам дека дојдоа Стефанин, Фортунат и Ахаик: тие го пополнија вашето отсуство, |
| 18. | зашто го успокоија духот мој и ваш. Почитувајте ги таквите! |
| 19. | Ве поздравуваат азиските цркви; многу ве поздравуваат Акила и Прискила со својата домашна црква. |
| 20. | Ве поздравуваат сите браќа. Поздравете се еден со друг со свет целив! |
| 21. | Ве поздравувам јас, Павле, своерачно. |
| 22. | А оној што не Го љуби Господа Исуса Христа, нека биде проклет, маран-ата. |
| 23. | Благодатта на Господа Исуса Христа нека биде со вас, |
| 24. | и љубовта моја со сите вас во Христа Исуса. Амин! |