Второ послание на светиот апостол Павле до Коринтјаните
 

 

Второ послание на светиот апостол Павле до Коринтјаните

Календар, житија, пости
Почеток
 

9:6-11

6. Ова, пак, ви го велам: кој скржаво сее, скржаво ќе жнее; а кој богато сее, богато и ќе жнее.
7. Секој да дава од сe срце, а не со жал или принуда; оти Бог го љуби оној што од срце дава.
8. А Бог е силен да умножи во вас секаква благодат, та, имајќи секогаш доволно сe, да бидете од сe срце дарежливи во секое добро дело,
9. како што е напишано: „Растури, им даде на сиромашните; правдата Негова останува вечна”.
10. А Оној, Кој му дава на сеачот семе, ќе му даде и леб за храна; Он ќе го умножи и семето ваше, и ќе ви даде да израсте житото на вашата правда,
11. па во сe да се збогатите за секаква дарежливост, која преку нас предизвикува благодарност кон Бога.