1:11-19
| 11. | Браќа, ве известувам дека Евангелието, кое јас Го благовестив, не е човечко, |
| 12. | зашто ни јас го примив, ниту го научив од човек, а преку откровението на Исуса Христа. |
| 13. | А сте слушале и за моето некогашно поведение во јудејството, дека прекумерно ја гонев Божјата црква, и ја разорував; |
| 14. | и дека во јудејството напредував многу повеќе од мнозина мои врсници, бидејќи бев голем ревнител за татковските преданија. |
| 15. | А кога Бог, Кој ме избра од утробата на мојата мајка и ме призва преку Својата благодат, благоволи |
| 16. | во мене да Го открие Својот Син, за да благовествувам за Него меѓу иноверците – веднаш не го прашав ни телото, ниту крвта, |
| 17. | ниту, пак, отидов во Ерусалим при оние, што станаа апостоли пред мене, туку заминав за Арабија и пак се вратив во Дамаск. |
| 18. | А на три години потоа отидов во Ерусалим за да се видам со Петра, и останав при него петнаесет дена. |
| 19. | Други, пак, од апостолите не видов освен Јакова, братот Господов. |