2:16-20
16. | Откако узнавме дека човекот се оправдува не преку делата од Законот, туку само преку верата во Исуса Христа, и ние поверувавме во Христа Исуса, за да се оправдаме преку верата во Христа, а не преку делата од Законот; оти преку делата од Законот нема да се оправда ниедна плот. |
17. | Ако, пак, барајќи да се оправдаме во Христа, и сами се најдовме грешници, зарем Христос е слуга на гревот? Тоа никако! |
18. | Зашто, ако одново го градам она што сум го урнал, тогаш и сам станувам престапник; |
19. | преку Законот умрев за Законот, и, за да живеам за Бога, се распнав со Христа; |
20. | и јас веќе не живеам, туку Христос живее во мене. А тоа што сега живеам во тело, живеам со верата во Синот Божји, Кој ме засака и Себеси се предаде за мене. |