2:14-22
| 14. | Зашто Он е нашиот мир, Кој од двата народа направи еден и ја разруши преградата, што беше меѓу нив, |
| 15. | откако со плотта Своја го уништи непријателството, а со учењето Свое – Законот на заповедите го обессили, за да создаде во Себеси од двата народа еден нов човек, правејќи мир, |
| 16. | и во едно тело да ги помири обата народа со Бога преку крстот, откако на него го уништи непријателството. |
| 17. | И, откако дојде, Он ви благовести мир, на вас далечни и блиски. |
| 18. | зашто преку Него и едните и другите имаме пристап при Отецот, во еден Дух. |
| 19. | И така, вие веќе не сте туѓи и придојдени, туку сте им сожители на светиите и свои на Бога, |
| 20. | оти се утврдивте на темелите, поставени од апостолите и пророците, имајќи Го како аголен камен на темелот Самиот Исус Христос, |
| 21. | врз Кого целата зграда, стројно зглобена, прераснува во свет храм на Господа; |
| 22. | врз Кого и вие ќе се соѕидате во живеалиштето Божјо преку Духот. |