Послание на светиот апостол Павле до Ефесјаните
 

 

Послание на светиот апостол Павле до Ефесјаните

Календар, житија, пости
Почеток
 

5:8-19

8. Вие некогаш бевте темнина, а сега сте светлина во Господа: живеете како деца на светлината!
9. Зашто плодот на Духот се состои во секое добро, правда и вистина -
10. и испитувајте сe што Му е на Бога угодно!
11. Не учествувајте во бесплодните дела на темнината, туку изобличувајте ги!
12. Оти за она, што го прават нечестивите скришум, срамно е и да се зборува.
13. А сe, што е за изобличување, светлината го открива; бидејќи сe што е јавно, светлина е.
14. Затоа е речено: „Стани ти што спиеш, воскресни од мртвите, и Христос ќе те осветли!”
15. Па така, гледајте, колку внимателно треба да постапувате: не како неразумни, туку како мудри;
16. ползувајте го времето, зашто дните се лукави.
17. Затоа немојте да бидете нерасудливи, туку распознајте што е волјата Божја!
18. И не опивајте се со вино, од кое произлегува блуд, но исполнувајте се со Дух,
19. усовршувајќи се со псалми и славословија и духовни песни, пеејќи и воспевајќи Го Господа во срцата ваши;