6:10-17
| 10. | Браќа, потсилувајте се во Господа и во силата на Неговата моќ! |
| 11. | Облечете се во сето оружје Божјо, за да се одржите против ѓаволското лукавство; |
| 12. | оти нашата борба не е против крвта и плотта, туку против началствата, против властите, против светските управители на темнината од овој век, против поднебесните духови на злобата. |
| 13. | Поради тоа примете го сето оружје Божјо, за да можете да се браните во лош ден, та, откако ќе победите, да се одржите. |
| 14. | И така стојте, откако ќе се опашете со вистината и ќе се облечете во оклопот на правдата, |
| 15. | и нозете да ви бидат обуени во приправност за да благовестите мир. |
| 16. | А над сe, земете го штитот на верата, со кој ќе можете да ги угаснете сите вжештени стрели на лукавиот; |
| 17. | земете го и шлемот на спасението и духовниот меч, кој е словото Божјо! |