Послание на светиот апостол Павле до Филипјаните
 

 

Послание на светиот апостол Павле до Филипјаните

Календар, житија, пости
Почеток
 

4:4-9

4. Радувајте се секогаш во Господа, и пак ќе речам: радувајте се!
5. Кротоста ваша нека им биде позната на сите луѓе! Господ е близу!
6. За ништо не грижете се, туку во сe преку молитва и молба со благодарност изјавувајте ги пред Бога своите барања,
7. и мирот Божји, што надвишува секој ум, ќе ги запази вашите срца и вашите мисли во Исуса Христа.
8. А понатаму, браќа мои, на она што е вистинско, што е чесно, што е праведно, што е чисто, што е љубезно, што е достојно за слава, на она што е добродетел, што е за пофалба, само на тоа мислете!
9. И она, што го научивте, примивте, чувте и видовте во мене, тоа вршете го – и Бог на мирот ќе биде со вас!