1:18-24
18. | Бидејќи словото за крстот е безумство за оние, што гинат, а за нас, кои се спасуваме, сила Божја. |
19. | Зашто е напишано: „Ќе ја погубам мудроста на мудрите и ќе го отфрлам разумот на разумните.” |
20. | Каде е мудрецот? Каде е книжникот? Каде е препирачот од овој век? Не ја обезуми ли Бог мудроста на овој свет? |
21. | Зашто светот со својата мудрост не Го позна Бога во Неговата премудрост; Бог благоволи со безумството на проповедта да ги спаси оние што веруваат. |
22. | Оти и Јудејците сакаат знаци, а Елините бараат мудрост, |
23. | ние, пак, Го проповедаме Христа распнатиот, Кој е за Јудејците соблазан, а за Елините безумство; |
24. | за повиканите, пак, како Јудејците, така и Елините, Христа како Божја сила и Божја премудрост. |