Послание на светиот апостол Павле до Тит
 

 

Послание на светиот апостол Павле до Тит

Календар, житија, пости
Почеток
 

2:11-14;3:4-7

11. Бидејќи се јави Божјата благодат, спасителна за сите луѓе,
12. учејќи нe да ги отфрлиме нечесноста и похотите од овој свет, чесно, праведно и побожно да поживееме во овој век,
13. да чекаме да се исполни блажената надеж и да се јави славата на великиот Бог и Спасител, нашиот Исус Христос,
14. Кој Се даде самиот Себе за нас, за да нe избави од секакво беззаконие и да нe очисти, та да Му бидеме народ избран, ревностен кон добри дела.
4. А кога се јави добротата и човекољубието на нашиот Спасител, Бога,
5. Он нe спаси, но не според извршените од нас праведни дела, туку по Својата милост, преку бањата на преродување – и обновата од Светиот Дух,
6. Кого изобилно Го излеа на нас преку Исуса Христа, нашиот Спасител,
7. та оправдани со Неговата благодат да станеме по надеж наследници на вечниот живот.