Свето евангелие според светиот апостол Матеј
 

 

Свето евангелие според светиот апостол Матеј

Календар, житија, пости
Почеток
 

6:22-33

22. Светило за телото е окото. И така, ако твоето око биде чисто и целото твое тело ќе биде светло;
23. ако, пак, твоето око биде лошо, целото тело ќе ти биде темно. И така, ако светлината, што е во тебе, е темнина, тогаш каква ли ќе е темнината?
24. Никој не може да им слугува на двајца господари: оти, или едниот ќе го замрази, а другиот засака; или кон едниот ќе се приврзе, а другиот ќе го презре. Не можете да им служите на Бога и на Мамона.
25. Затоа ви велам: немојте да се грижите за душата – што ќе јадете или што ќе пиете; ниту за телото, во што ќе се облечете. Зар не чини душата повеќе од храната, и телото – од облеклото?
26. Погледајте ги птиците небески; тие ни сеат, ни жнеат, ниту во амбар собираат; но вашиот Отец ги храни. Зар не сте вие многу поскапи од нив?
27. А кој од вас, грижејќи се, може на својот раст да му придаде макар еден лакот?
28. Зошто се грижите и за облеката? Погледајте ги полските кринови како растат: не се трудат, ниту предат;
29. но ви велам дека ни Соломон, во целата своја слава, не се облече така, како еден од нив;
30. па, ако полската трева, што денеска постои, а утре во оган се фрла, Бог така ја облекува, а колку повеќе вас, маловерни!?
31. Па затоа не грижете се и не говорете: што да јадеме, или што да пиеме, или во што да се облечеме?
32. Зашто сето тоа го бараат незнабошците, а вашиот Отец небесен знае дека за сето ова имате потреба.
33. Но барајте го најнапред царството на Бога и Неговата правда, и се ова ќе ви се придаде.