Свето евангелие според светиот апостол Матеј
 

 

Свето евангелие според светиот апостол Матеј

Календар, житија, пости
Почеток
 

8:5-13

5. А кога влезе Исус во Капернаум, се приближи до Него еден стотник и Го молеше говорејќи:
6. Господи, слугата мој лежи дома фатен и многу страда.
7. Исус му рече: „Ќе дојдам и ќе го излекувам.”
8. А стотникот одговори и рече: „Господи, не сум достоен да влезеш под мојот покрив; но кажи само збор и слугата мој ќе оздрави;
9. зашто и јас сум човек подвластен, а имам и потчинети војници; па кога ќе му речам на еден од нив: »Оди!« и тој оди; на другиот: »Дојди!« и тој доаѓа; и на слугата: »Направи тоа!« и тој прави.”
10. Кога го чу тоа, Исус се зачуди и им рече на оние што врвеа по Него: „Вистина ви велам: ни во Израилот не најдов толку голема вера.
11. И ви велам дека мнозина ќе дојдат од Исток и од Запад и ќе седнат на трпеза со Авраама, Исака и Јакова во царството небесно,
12. а синовите на царството ќе бидат фрлени во крајната темнина; таму ќе биде плач и крцкање со заби.”
13. И му рече Исус на стотникот: „Оди си и, како што си поверувал, нека ти биде!” И слугата негов во истиот час оздраве.