19:16-26
| 16. | И ете, еден човек, кога пристапи до Него, Му рече: „Учителе добар, какво добро треба да направам за да имам живот вечен?” |
| 17. | А Он му одговори: „Зошто Ме наречуваш добар? Никој не е добар освен единиот Бог. А ако сакаш да влезеш во животот, пази ги заповедите.” |
| 18. | Тој Му рече: „Кои?” А Исус одговори: „Не убивај, не прељубодејствувај, не кради, не сведочи лажно; |
| 19. | почитувај ги татка си и мајка си; сакај ги ближните свои како себеси!” |
| 20. | Младиот човек Му рече: „Сето тоа сум го запазил од младини; што ми е уште потребно?” |
| 21. | Исус му кажа: „Ако сакаш да бидеш совршен, оди, продај го имотот свој и раздели го на сиромаси, и ќе имаш сокровиште на небото; па дојди и врви по Мене!” |
| 22. | Штом ги чу младиот човек тие зборови, си отиде нажален, оти имаше голем имот. |
| 23. | А Исус им рече на учениците Свои: „Вистина, ви велам, богат мачно ќе влезе во царството небесно; |
| 24. | и уште ви велам: полесно ? е на камилата да мине низ иглени уши, отколку на богатиот да влезе во царството Божјо.” |
| 25. | Кога го чуја тоа учениците, многу се зачудија и рекоа: „Тогаш кој може да се спаси?” |
| 26. | А Исус, кога погледна на нив, им рече: „За луѓето тоа не е можно, но за Бога сe е можно.” |