22:1-14
1. | И одговарајќи, Исус пак им говореше во параболи и рече: |
2. | Царството небесно прилега на човек цар, кој направи свадба на сина си, |
3. | и ги испрати своите слуги да ги повикаат поканетите на свадба; а тие нејќеа да дојдат. |
4. | Потоа испрати други слуги и им рече: кажете им на поканетите: »Ете, приготвив јадење; јунците мои и сe што е угоено се заклани, и сe е готово; дојдете на свадба!« |
5. | Но тие не сакаа да знаат за тоа, а си отидоа: кој на нива, кој по трговија; |
6. | а некои, пак, ги фатија неговите слуги, ги исмеаја и ги убија. |
7. | Штом чу за тоа царот, се налути, испрати своја војска и ги погуби убијците и им го изгоре нивниот град. |
8. | Тогаш им рече на слугите свои: »Свадбата е готова, но поканетите не беа достојни. |
9. | Затоа одете по раскрсниците и, колку души ќе најдете, поканете ги на свадба!« |
10. | И како излегоа слугите на раскрсниците, ги собраа сите што ги најдоа – и лоши и добри; и се наполни свадбениот дом со гости. |
11. | Кога влезе, пак, царот да ги види гостите, забележа еден необлечен во свадбени алишта. |
12. | Па му рече: »Пријателе, како влезе овде, необлечен во свадбена руба?« А тој молчеше. |
13. | Тогаш царот им рече на слугите: »Врзете му ги рацете и нозете, земете го и фрлете го во крајната темнина; таму ќе биде плач и крцкање со заби; |
14. | зашто, мнозина се повикани, а малцина избрани«.” |