25:14-30
14. | Зашто, Он ќе постапи како човек, кој тргнувајќи на пат, ги повика слугите свои и им го предаде својот имот; |
15. | и на едниот му даде пет таланти, на другиот два, на третиот еден; секому според силата негова; и веднаш замина. |
16. | Оној, што зеде пет таланти, отиде, ги употреби во работа и спечали други пет таланти; |
17. | исто така и оној што зеде два таланта, спечали други два; |
18. | а оној, што доби еден талант, отиде и го закопа в земја и така го сокри среброто на својот господар. |
19. | По долго време дојде господарот на тие слуги и им побара сметка. |
20. | И кога пристапи оној, што беше примил пет таланти, донесе уште други пет и рече: »Господаре, ти ми предаде пет таланти; ете, сум спечалил и други пет.« |
21. | Господарот му рече: »Убаво, добри и верни слуго! Во малку си бил верен, над многу ќе те поставам; влези во радоста на својот господар!« |
22. | Дојде, исто така, и оној што беше примил два таланта и рече: »Господаре, ти ми предаде два таланта; ете, со нив спечалив други два.« |
23. | Господарот му рече: »Убаво, добри и верни слуго! Во малку си бил верен, над многу ќе те поставам; влези во радоста на својот господар!« |
24. | Пристигна и оној што беше зел еден талант, и рече: »Господаре, те знаев дека си жесток човек: жнееш, каде што не си сеел, и собираш, каде што не си веел; |
25. | па се уплашив и отидов, та го сокрив твојот талант в земја; ете ти го твоето.« |
26. | А господарот му одговори и рече: »Лукав и мрзлив слуго! Ти знаеш дека жнеам, каде што не сум сеел, и собирам, каде што не сум веел; |
27. | затоа требаше моето сребро да го дадеш на трговците, па јас, кога дојдам, ќе си го приберам своето, со добивка; |
28. | земете го од него талантот и дајте му го на оној, што има десет таланти; |
29. | зашто секому, што има, ќе му се даде и преумножи, а од оној, што нема, ќе му се одземе и она што го има; |
30. | а лошиот слуга фрлете го во крајна темнина: Таму ќе биде плач и крцкање со заби.« Откако го рече тоа, извика: »Кој има уши да слуша, нека чуе!« |