8:41-56
41. | И ете, дојде еден човек, по име Јаир, кој беше управник на синагогата. Па кога падна пред нозете Исусови, Го молеше да појде во домот негов, |
42. | зашто имаше една единствена ќерка на дванаесет години и таа умираше. А кога одеше Исус, народот се туркаше во Него. |
43. | И една жена, која страдаше дванаесет години од крвотечение, и сиот свој имот го беше потрошила по лекари, а ниеден не можел да ја излекува, |
44. | пристапувајќи одзади, се допре до крајот на Неговата облека и наеднаш ? престана крвотечението. |
45. | И рече Исус: „Кој се допре до Мене?” А кога сите се откажуваа, Му рече Петар и оние што беа со Него: „Учителе, народот Те опколил и Те притиска, а прашуваш: »Кој се допре до Мене?«“ |
46. | Но Исус рече: „Некој се допре до Мене, зашто сетив дека излезе сила од Мене.” |
47. | Жената, штом виде оти не може да се сокрие, со треперење пристапи, па како падна пред Него, Му кажа пред сиот народ зошто се допрела и дека веднаш оздравела. |
48. | А Он ? рече: „Не бој се, ќерко, верата твоја те спаси; оди си со мир!” |
49. | Додека Он уште зборуваше, дојде некој од управникот на синагогата и Му рече: „Ќерка ти умре; не мачи Го учителот!” |
50. | Но Исус, штом го чу тоа, одговарајќи, му рече: „Не бој се! Само верувај и ќе биде спасена!” |
51. | А кога пристигна во куќата, никому не му позволи да влезе, освен на Петра, Јована и Јакова, и на таткото и мајката на девојката. |
52. | Сите плачеа и ридаа по неа. Но Он им рече: „Не плачете, таа не е умрена, туку спие.” |
53. | И му се потсмеваа, знаејќи дека е умрена. |
54. | А Он откако ги истера сите, ја фати за рака и извика, велејќи: „Девојко, стани!” |
55. | И се поврати нејзиниот дух, и се дигна веднаш, и заповеда да ? дадат да јаде. |
56. | И се зачудија родителите нејзини. А Он им заповеда, никому да не кажуваат за тоа што стана. |